Културно уметничко друштво Таше Милошевски од Ресен, Република Македонија постои од 1945 година. Во неговиот склоп работаат повеќе групи кои ја негуваат старата Македонска песна и Македонската фолклорна уметност.
Со анимирање на фолклорното богаство започнуваме со најмлади членови кои се на возраст од 6 до 8 години. Повозрасните во своите групи започнуваат да ги изучуват и изведуваат фолклорните кореографии, за да во наредната диференцијација веќе се спремни и учествуваат на детски фолклорни фестивали до 14 годишна возраст.
 КУД Таше Милошевски


Ансамблот за народни песни и игри користи мошне богата и оригинална традиционална носија за сите сплетови кои ги изведува, носија која изобилува со рачно изработени везови и други орнаменти, со што се збогатува вкупниот впечаток при нашата изведба на уште побогата концертна програма.

Во друштвово членува и работи без број пати наградуваниот Јоне Ефтимовски кој поседува збирка на оригинални македонски носии која е доста ретка а можеби и единствена, а сето тоа е изложено во неговиот приватен музеј во село Подмочани. На овој музеј може да му завидуваат и поголеми институции. Способноста и несебичноста на овој човек ни овозможува и прикажување на неговата колекција на раритети при нашите гостувања.
 КУД Таше Милошевски


Нашиот Преспанско-Македонски менталитет, нашата срдечност и дружељубивост и овозможи на нашава прекрасна плоштина да се побратими со многу градови ширум светот (Корчула-Хрватска, Елверум-Норвешка, Егирдир-Турција, Вегров-Полска, КраунПоинт-САД) и во реалноста да го сее семето на нашите вековни традиции и да ги чува корените на нашиот народ. КУД Таше Милошевски веќе седум години, традиционално од 24-ти до 28-ми Септември, успешно организира и меѓународен фолклорен фестивал кој се одржува под името Преспански Јаболкобер.

igraorki