Ресен е општински центар и мал град со 8848 жители (попис 2002). Општината Ресен е расположена во југозападниот дел од Република Македонија во Преспанската котлина. Опкружена е со високи планини. Баба од источната страна, Галичица од Запад, Бигла од северната страна. Локалната власт, деловни и важни институции се ситуирани во Ресен.
 Ресен - зграда Сарајот


Преспанското Езеро, националните паркови Галичица и Пелистер му даваат на регионот посебна убавина.
Преспанското Езеро е второ по големина во Република Македонија. Сместено е на јужната страна од Преспанската котлина помеѓу планините Галичица и Баба 835 m надморска висина.
 Ресен - стара чаршија

Културата во Преспа датира уште од Неолитот. Via Ignatia поминува низ котлината за време на Римската Империја.
Постојат голем број на споменици на уметноста во регионот. Најпопуларен е манастирот во Курбиново изграден во 1191 год.
Грнчарството е развиено во Преспа уште во минатото и сеуште е присутно благодарение на Ресенската Kерамичка Колонија.
Ќерамичката Колонија претставува дом за многу светски познати грнчари одсекаде, за време на летниот период, секоја година.
На крај да не се заборави јаболкото, столб на општествениот живот и симбол на општината.

igraorki