Скоро секој регион во Македонија има своја карактеристика во поглед на носии и фолклорни игри. Изобилството од истите овозможи врвните стручнаци да ги создадат следните кореографии кои се само дел од репертоар кој го изведуваме.

Осоговка


Локалитет - Кочанско, Играчки состав - мажи

Карактер на орото: Типично машко темераментно оро со изразити баланси, потскоци, доскоци и остри движења со двете нозе. Се игра со голема екстраваганција и одважност и на одредени моменти со гласни извици на играорците

Симни видео: Osogovka (1.54 MB)
Осоговка
Тресеница

Тресеница


Локалитет - Мариово, Играчки состав - жени

Карактер на орото: Типично женска игра со одмерени и достоинствени движења и изразито балансирање на телото. Содржи и динамичко драмски елементи, како тресење на крпи и одгледување во огледало, со кои се прикажува припрема на мома за да ја истакне својата грациозност и убавина.

Симни видео: Tresenica (439 КB) 

Старо Тиквешко


Локалитет - Тиквешко, Играчки состав - мажи

Карактер на орото: Типично машка игра составена од пет дела во која има градација во темпото од бавно кон брзо. Првиот и вториот дел се побавни и се играат едноставно со изразити баланси и играње на колена, а другите три дела се доста побрзи со потскоци и доскоци, вртења на телото, клекнување на двете нозеи легнување на нозете и рацете.

Водарки


Локалитет - Македонија, Играчки состав - жени Карактер на орото: Типично женска кореографија преку која се покажува старата традиција на момитe кои од селските чешми во стомни полнат вода. Кореографијата изобилува со мимичко, драмски елементи и вокална изведба. Почетокот преку кои се демонстрира начинот на носење на стомните е во побавно темпо. Во продолжение темото нагло се забрзува и со нежни доскоци во испреплетени леси на три групи од играорки се манифестира умешност и убавина.

Симни видео: Vodarka (939 КB)
Водарки
Калајџиско

Калајџиско


Локалитет - Велешко, Играчки состав - мажи и жени Карактер на орото: Умерено-брзо оро кое кон крајот се забрзува. Се одликува со мирни движења и балансирани чекори, потоа доскоци и потскоци со ниски потклекнувања. обилува со мимичко драмски елементи својствени за калајџискиот занает - калаисување на садовите, бришење и светнување на тепсиите, бришење на потта на калајџиите. Конечно преставата на стариот занает е кореографија исполнета со соло настап и песна на калајџијата и песни и игри од страна на другите играорци како негови помошници во занаетот.

Билјана


Локалитет - Охридско, Играчки состав - жени Карактер на орото: Многу атрактивна кореографија која од умерено-брза финишира во брзина која му дава впечатливост на женските чекори како да се везани еден за друг. Кореографијата го прикажува традиционалниот начин на белеење на платното на бреговите на Охридското езеро, а низ самата изведба со платната се прават и фигури кој му даваат на кореографијата посебна атракција и визуелна исполнетост.

Симни видео: Biljana (592КB)

Преспански игри


Локалитет - Преспа, Играчки состав - мажи и жени Карактер на орото: Кореографија во која можат да се запазат разновидни ритми и брзина на темпо. Единствена во која женските со грациозност ја подигнуваат ногата повеќе од вообичаеното во маќедонскиот фолклор. Преставата е еден вид натпревар помеѓу жените и мажите во склоп на љубовната бајка која се пренесува прекуку игра. Финишира со сплотување и компактност со многу богатата со специфични чекори атрактивна завршница.

Симни видео: PrespanskiIgri (3.43 MB)
Преспански Игри
Жетварки

Жетварки


Локалитет - Кочанско, Играчки состав - мажи и жени Карактер на орото: Музичко сценска престава за вековните традиции за жетвените активности. Темпераментните ора му даваат весела конотација на многу тешката активност која се презентира. гледајќи ја кореографијата на секој му станува јасно за што се работи, а тоа зборува за оригиналноста во изборот и презентацијата на сите елементи во склопот на целината која е прекрасна.

Симни видео: Zetvarki (1.98 MB)

Копачија


Локалитет - Кичевско, Играчки состав - мажи и жени Карактер на орото: Оваа кореографија ги синетизира Свекрвино, Четворка, Малесора и Крстачко оро. Во сите нив, со различно темпо, се изведуваат многу кореолошки елементи со грациозност во движењата, достоинство и гордост.Се истакнува македонската силна жена, достоинствена, мудра, работлива а истовремено и македонецот како силен, непокорлив, горд, воинствен, работлив но и многу надарен за игра и песна.Сето ова посматрачите ги фасцинира и ги остава без здив и преставува натпревар во игра.

Симни видео: Kopacija (1.74 MB)
Копачија
Комитско


Комитско


Локалитет - Крушево, Играчки состав - мажи и жени Карактер на орото: Комитското како кореографска целина преставува еден вид музичка драма. Со многу мимичко драмски елементи се преставува борбата на Македонскиот народ против османлиите и тоа на многу меланхоличен начин, така што посматрачите добиваат сознание за припремата, водењето на битката и загинувањето на јунаците во крвавата битка.На почетокот бавното темпо градира во постепено забрзување во текот на преставата за водење на битката, за да во самиот финиш в опотполен мрак се појавувамакедонската жена, со свеќа во раце манифестирајќи тага за изгубените животи на своите најмили. Музичката подлога во тие моменти ги растреперува чуствата и морници го ежат телото.

Симни видео: Komitsko (2.51 MB)

Егејска


Локалитет -Егејска Македонија, Играчки состав - мажи и жени Карактер на орото: Кореографијата е испреплетена со надигрување и кокетирање помежу машките и женските. Започнува во бавен ритам со женско оро и нежни чекори, продолжува со машко оро ко изобилува со елеганцијата на изведбата на чекори кои се одигруваат со специфично балансирање на тежината и удари на петица, за да финишира во ритам кој е доста брз, во парови и се изведуваат елементи кои се многу атрактивни и синхронизирани со брзината и веселостана музиката.
Егејска
Источна

Источна


Локалитет - Штип, Играчки состав - мажи и жени Карактер на орото: Многу динамична кореографија, во брз ритам и сиклучително брзи чекори. Спој е на повеќе изворни ора како што се Крстачко оро, единаесетката и петорката со која се финишира. Провејувањето на песната му дава посебен белег во моментите на надигрување и заведување на мажите и жените, а извиците во самата игра се многубројни и ја изразуваат гордоста, самопочитта и непоколебливоста на македонскиот народ.

Симни видео: Istocna (1.29 MB)

Ресенски игри


Локалитет - Ресен, Играчки состав - мажи и жени Карактер на орото: Синтеза на изворни ора специфични за Преспанскиот регион. Елементи и чекори кои се среќавале на веселбите во минатото за празниците и свадби. Кохезија на брзо женско и бавно машко темпо, во повеќе различни ритми на орото. Како единки, во склопот на целината, која ја изведуваат како продукт на заедничка соработка помежу КУД Таше Милошевски и нашите колеги од Грција и Албанија во рамките на проектот “Заедно за подобра Преспа“. Носијата е вистинска реткост и самата го дополнува изразот на гордост, одважност и на недопирливост.

Симни видео: Resensko (888КB)
Ресенски Игри
Цвеќебрачки

Цвеќеберачки


Симни видео: Cvekeberackite (1.64 MB)

igraorki