Добредојдовте на веб страната на КУД Таше Милошевски

Културно уметничко друштво Таше Милошевски од Ресен Република Македонија постои од 1945 година. Во неговиот склоп работат повеќе групи кои ја негуваат старата Македонска песна и Македонската фолклорна уметност. Преку песната и орото, со звуците на гајда и тапанот сме ја презентирале Преспа и Македонија со нејзините обичаи и колоритен фолклор пред широкиот Светски аудиториум.

КУД Таше Милошевски

Настапите на играорниот ансамбл останаа врежани во срцата на многу луѓе кои не следеа по европските фестивали, а како резултат на нивната восхитеност добивани се и бројни признанија и награди во изминативе години на постоење.
Ансамблот за народни песни и игри користи мошне богата и оригинална традиционална носија за сите сплетови кои ги изведува, носија која изобилува со рачно изработени везови и други орнаменти, со што се збогатува вкупниот впечаток при нашата изведба на уште побогата концертна програма.

igraorki